Стоматолошки услуги кои се пружаат во БАТО ДЕНТ

Во БАТО ДЕНТ се третираат пациенти од сите возрасти на кои им се обезбедува комплетна стоматолошка заштита, и тоа:

Сите здравствени стоматолошки услуги:

  • Згрижување на итни случаи
  • Давање ,,второ мислење,, – консултации
  • Рендгенско снимање на забите ( дигитално снимање)
  • Превентивна стоматологија (силанти, флуориди)

Ендодонтско (канално) лекување на забите:

  • Коренски имплантанти

Орални хируршки зафати:

  • Вадење на заби
  • Имплантати

Сите протетски услуги:

  • Порцелански коронки
  • Протези (парцијални визил и тотални)

Орално хигиенски услуги:

  • Ултрасонично чистење и полирање на забите
  • Обработка на пародонтални џебови

Дентална имплантологија

И покрај напредокот на стоматолошката протетика и стоматологијата воопшто, стандардните мобилни и фиксни протези покажуваат бројни џвакални, фонациски, естетски и други недостатоци. Заради редуцирање на тие недостатоци и постигнување поголемо фукнционално единство, стоматологијата го достигна врвот на својот развој со појавата на Денталните импланти, кои отвораат можност протетските изработки да се испланираат поинаку и далеку поквалитетно, на задоволство на пациентите.

Со појавата на имплантите, десетици илјади луѓе добиваат втора шанса за совршена замена на изгубените заби. Доколку правилно се постават, тие ги заменуваат природните заби и ги елиминираат сите проблеми. Пациентите кои имаат импланти велат дека можат подобро да ја сомелат храната, џвакаат правилно, зборуваат подобро и се посигурни во себе. Доколку имате некои од горенаведените проблеми со забите, заедно со нас треба да одлучите дали сте кандидат за импланти. Ние ќе ви направиме целосен преглед на усната празнина и дигитална панорамска рендген снимка и ќе одлучиме дали сте кандидат за импланти без разлика на вашата возраст.

Како една мала едукација пред да ја посетите нашата ординација сметаме дека е потребно да знаете дека имплантите се Титаниумски штрафови (клинови) кои хируршки се поставуваат во виличната коска. Штрафот е многу стабилен во коската и на него потоа се поставува коронка со што се добива вештачки заб со многу природен изглед. Имплантот, всушност, го заменува коренот на изгубениот заб, со што на него ќе може да се постави коронка. Со импланти можат да се заменат еден, неколку или сите заби во устата. Може да се користат како потпора за поединечен заб, за фиксни мостови, за парцијални или комплетни протези.

Доколку недостасува коскена супстанца, што се случува кога вилицата се истенчува поради недостаток на заби? Состојбата се комплицира, но, се решава со земање на коска од друго место или додавање на вештачка коска и така се надополнува изгубената коскена маса. За разлика од минатите времиња во кое се знаеше дека разговорите за џвакање тврда храна , поради недостаток на заби или слаби мостови прават табу, денес имплантите како замена за изгубените заби станаа статусен симбол.

 

 

Најчесто поставувани прашања во врска со поставување на денталните импланти

Дали поставувањето на импланти е контраидицирано на постара возраст?

Процедурата е со низок ризик така да што може да се примени и кај пациенти на возраст од 70,80 па и до 90 години, зависно од здраствената состојба, што значи нема горна возрасна граница.

Дали е можна алергија на денталните импланти?

Титаниумските импланти се на пазарот повеќе од 40 години и се уште не откриена никава алергија.

Дали имплантите можат да влијаат на срцевите пејсмејкери?

Не, имплантите немаат елктомагнетен ефект.

Колку долго трае процедурата на имплантирање?

Поставувањето на еден имплант одзема просечно 20 минути.

Ако сум дијабетичар дали може да поставам импланти?

ДДа може е, доклку ви е контролиран дијабетот.

Кој е животниот век на имплантот?

После фазата на заздравување, доколку е коректо и квалитетно поставен имплантот тој ќе биде поотпорен на многу влијанија отколку природниот корен на забот.Со постојана орална хигиена и со соодветена нега имплантите може да траат доживотно.

Дали ќе можам да јадам нормално после имплантирњето?

Во првиот период веднаш после интервенцијата препорачливо е да се јаде мека и течна храна на страната на имплантираните заби, додека после периодот на заздравување ќе бидете во можност да се храните нормално.

Дали ќе може веднаш да ми се постави имплант после вадење на забот?

Да тоа е релативно честа постапка денеска, меѓутоа за истата ќе се консултирате со Вашиот стоматолог.

Дали ке може веднаш да го оптоварувам имплантот?

Зависи од состојбата на вашата вилица и позицијата на имплантите. Како и да е за ова ќе се консултирате исто така со Вашиот стоматолог.

Од што се направени имплантите?

Имплантите се од 99 % чист титаниум. Титаниумот сеуште е златен стандард како материјал за импланти.

Постојат ли некои интеракции доколку земам некои лекови пред и по импалантирање?

Кортизонот и антикоагулансите имаат влијание врз процесот на имплантирање и постоперативниот период за заздравување. Во секој случај, информирајте го стоматологот за било кои медикаменти кои ги примате во периодот на имплантирање или потоа.

Дали ќе чуствувам болка по интервенцијата или би имал било какви тегоби?

Може да имате оток, но со соодветна терапија истиот би се анулирал. Доколку пак ви се јави евентуална болка слободно земете аналгетик.

Дали ке бидам без заби во време на периодот на заздравување?

Постои можност да ви се изработат привремени мобилни протези или привремени коронки. За ова исто така консултирајте со вашиот стоматолог кој ќе ви препорача дали ситуацијата наложува изработка на привремени конструкци.

Колку посети се потребни за успешноста на целиот третман?

Ова индивидуално и зависи од типот и опсежноста на третманот. Првата посета е обично консултативна каде со стоматологот ќе ги разгледате сите опции околу (не) можностите за иплантирање кај вас. Следната сеанса е обично наменета за прелиминарни испитувања и планирање на третманот. Потоа следува поставата на имплантот. После неколку дена следи проверка на местото на имплантирање, а по 7-10 дена се вадат конците. После период од 3 месеци следи зараснување на имплантот за коската за подоцна да се продолжи со наредните фази на изработка на дефиниивна протетска изарботка.

 

На денот на операција и два дена потоа:

  • не пушете
  • не конзумирајте алкохол
  • јадете мека и пасирана храна
  • по оброк, испалкнете ја устата не дразнејќи ја раната
  • одржувајте нормална хигиена со забна четка на преостанатите заби
  • не користете дополнителни лекарства или средства кои не се препорачани од вашиот или друг доктор
  • не се изложувајте на физички напор

До 6 недели по операцијата избегнувајте:

  • џвакање во предел на поставените импланти
  • јак физички напор
  • за секоја промена на состојбата (оток, цвенило, болка и гноење) информирајте го и по потреба одете на контролен преглед кај одговорниот доктор

Услови за успех

  • редовни контролни прегледи
  • трајна дентална хигиена на усната шуплина која се спроведува по секој оброк е неизбежен и задолжителен услов за поголема трајност на имплантите.

Орално хигиенски услуги

Чистење на забен камен

Забниот камен е честа појава и може да се јави при нередовно четкање на забите, а како други причини можат да бидат кафето и цигарите. Забниот камен може да се јави на сите заби. Со текот на времето, на забите се појавувуваат меки наслаги наречени забен плак, кој подоцна може да се минерализира. Забниот плак е слој од бактерии и јаглехидрати, а кога ќе се минерализира се претвора во забен камен. Забниот камен има белузнаво – жолтеникава боја и може да се забележи визуелно или со допир. Превенцијата од создавање на забен камен се состои од редовно четкање на забите, а може да се користи и конец за заби. Доколку се појави забниот камен, ние во нашата ординација со посебен апарат miniPiezon ќе се погрижиме зa негово отстранување. Обработка на парадонтални џебови .

Рентген дијагностика со РВГ дентален сензор .

Давање консултации, второ мислење .

Белеење на заби

Постигнување на неверојатна насмевка во денешно време е полесно од било кога. Луѓе како вас , секојдневно го подобруваат својот изглед и ја зголемуваат самодовербата со помош на професионално белење на забите . Нашата ординација Ви нуди комбинација од Белење во ординација и во домашни услови , а со тоа и давање еден нов живот на вашата насмевка која што ја загубила својата привлечност.

Дали белеење на забите представува сигурна процедура ?

Дефинитивно . Истражувањата и клиничките испитувања покажуваат дека избелувањето на забите под контрола на стоматологот е безбедна и ефикасна постапка, потврдена од огромен број стоматолози ширум светот. . Сепак избелувањето на забите не се препорачува кај деца под 13 -годишна возраст и кај бремени жени и доилки . Сите материјали за белење кои ги користиме во нашата клиника , се одобрени од Светската Дентална Академија и Американската Администрација за храна и лекови (FDA ).

Белење на заби во Стоматолошка ординација?

Во нашата ординација користиме водечки систем за белење кој ја менува бојата на забите повеќе нијанси посветла од основната состојба. Во релаксирана атмосфера, под перфетктна заштита и на пациентот и на стоматологот, нанесуваме специјален гел од Opalescence Tooth Whitening Systems .

Користете домашен систем за белење на заби , преку персонални позиционери! Белење , преку овој начин во домашна услови се препорачува , после избелувањето во стоматолошка ординација , со времетраење од околу еден час . Колку подолго време продолжува постапката за белење , толку подолг ќе биде ефектот од избелувањето . Забите ќе останат за долго време бели , ако тие побелат постепено . Многу важно е да се користат позиционери што ќе бидат специјално направени за вашите заби , да одговараат совршено , и како такви се многу повеќе практични од универзалните и гарантираат подобри резултати во избелувањето на тешко достапните места . Во текот на постапката за белеење на забите тие стануваат порозни и лесно можат да се обојат затоа во тој период избегнувајте темно обоена храна и пијалоци , како : кафе , чај , црвено вино , цвекло . Ако пушите , обидете се да ги намалите или прекинете цигарите. Ако тоа е тешко за вас , не земајте темно обоени пијалаци и храна барем за три часа по постапката за белење Доколку после постапката белење се гледате непрекинато во огледало,немој да го правите тоа ,има голема веројатност да не забележите резултати .Најдобар и најлесен начин да го видите долго очекуваниот резултатот од избелувањето е да ги сликате вашите заби , пред започнувањето на избелувањето и две недели потоа.Тогаш сигурно ќе ја видите разликата и ќе бидете задоволни со резултатот . Задржете ја вашата бисерно бела насмевка , мијте ги забите два пати на ден ! После примањето на темно обоени храна и пијалоци , исплакнете ја устата! На секои шест месеци , повторувајте ја постапката за белење на забите и радувајте се на завидливите погледи од луѓето околу вас!

Нано композитни исполнувања

Санација на кариозните лезии и нивна замена со нано композитни исполнувања

Вистинската револуција во однос на стоматолошките материјали за директно полнење (пломбирање) настана во средината на минатиот век кога се појавија композитите.Освен белата боја како основна карактеристика од тогашните амалгамски пломби, имаат низа други карактеристики: не се растворат во плунка, не испуштаат ништо од нивниот состав за време на работа со нив, убаво изгледаат и се лесни за работа. Може да се обликуват така да во целост го емитираат обликот на забот. Композитните исполнувања остваруваат хемиска врска со забното ткиво, така да препарацијата на забното ткиво не мора да е обемна како кај амалгамските исполнувања. Поголемиот дел на композитни исполнувања се фотополимеризирачки материјали, кои се стврднуваат под дејство на концентрирана светлина. После тоа може да се исполираат за да се добие конечниот изглед и високата естетика.

Во последните 20 години се случи уште една голема револуција во оваа област, со пронаоѓањето на НАНО-КОМПОЗИТИТЕ. Тие уште помалку се контрахираат после полимеризација во однос на претходната генерација и подобро ги поднесуваат мастикаторните сили на бочните заби. Со својот изглед, транспаренција, опалесценција и флуоресценција идентично како природниот заб, нано композитните пломби се практично невидливи и совршено се вклопуваат во преостанатиот заб.

Нано копмозитите се користат за: мали и средни исполнувања (пломби), замена за амалгамските полнења на бочните заби, надополнување на пукнатините на забите, корекција на обликот на забот, корекција на бојата на забот.

Санирање на мали ерозивни промени

Санирање на мали ерозивни промени во гингивалниот дел од забот

Ерозивните промени се јавуваат најчесто во гингивалниот дел на забот во вид на мали вдлабнатини. Овие промени обично се безболни но многу често се осетливи на ладни дразби. Забележано е дека вакви промени често се јавуваат кај луѓе каде има трауматска оклузија, луѓе кои често шмукаат лимон, јадат двопек, неправилно четкање на заби и др. Се препорачува во вакви случаи да не се користат многу абразивни пасти, како и оние кои содржат сода бикарбона, бидејки може уште повеке да се продлабочат вдлабнатините. За санирање на ваквите состојби се користат специјални гласјономерни пломби без некое поголемо стружење на здрава забна супстанца. Ваквите промени мора навреме да се санираат бидејки ако се остават како такви ќе дојде до создавање на кариес и понатамошно ошетување на забот.

Eндодонција

Терапискиот зафат се состои во отстранување на комплетната забна пулпа и полнење на коренските канали. Понатаму следува пломбирање или изработка на протетска надоградба, со оглед на тоа дека овој заб ја нема веќе истата цврстина. Лекувањето на ко-ренските канали го обезбедуваме во максимално безболни услови под дејство на локална анестезија.

За да ендодонскиот третман биде правилно изведен, треба да се почитуваат одредени услови, кои ние, во нашата ординација максимално ги пружиме:

  • Апсолутно суво работно поле (располагаме со Кофердам-средство кое спречува продор на крв, плунка а и спречува инфил-трација на бактерии)
  • Правилно одредување на должината на коренските канали и близината на врвот на коренот-со помош на apex locator;
  • Правилна инструментација-ендодонски инструменти од најсовремена технологија;
  • Стерилни услови;
  • Ртг контрола- во вид на дигитална рентген снимка и
  • Правилна тродимензионална оптурација (полнење на коренските канали).

Зошто и кога е потребно лекувањето?

Лекувањето е потребно во случај на длабок кариес кој дошол до пулпалната комора и предизвикал болка, при постоење на гангрена на забната пулпа, акутни и хронични периапикални процеси, при постоење на фистула над коренот на забот (место за дренажа на гнојниот процес кој се наога во периапикалниот простор).

Што ако и после лекувањето се јавува болка?

Ако забот после лекување ве боли после 2-3 дена, тоа е нормална реакција што ке ја снема. Но, доколку забот којшто е ендодонски третиран (чист и полн), сеуште ве боли, постои можност да се развил хроничен периапикален процес, заради кој,треба да се направи ревизија т.е да се отстрани старото полнење и да се повтори целата постапка

Што ќе се случи ако и после ревизијата забот сеуште боли?

Во тој слушај единствен третман што е возможно да се направи за да се реши воспалителниот процес е апикотомија. Тоа е мал хи-рушки зафат, под дејство на локална анестезија, при што се остранува врвот на коренот а се чисти воспалителниот процес. Апикотомијата се изведува брзо и не предизвкува голема траума за меките ткива и коската.

Дали да се пие антибиотик после лекување?

Во зависнот од тежината и сериозноста на ситуацијата,само со дозола од доктор.Никако не на своја рака.

Залевање на фисури

Постапка која треба да се направи веднаш по излегувањето на првите стални заби, а тоа е шестиот заб (посебно кај оние заби со подлабоки фисури) се со цел да се заштитат забите од расипување, бидејќи фисурите се места каде најмногу се задржуваат остатоци од храна. Целата постапка е безболна, се изведува без стружење на забот.

Превенција од бруксизам

Бруксизам

Бруксизмот е парафункционална активност која се карактеризира со несакано стискање на забите како последица на снажни ритмички контракции на мускулите за џвакање. Може да се јавува во текот на денот, или пак за време на ноќта, познат како ноќно шкрипење. Во извршена студија на испитанци е покажано дека за време од 24h забите се допираат вкупно 18 минути, што и всушност значи дека се што е повеќе од тоа доведува до сериозни нарушувања на темпоромандибуларниот комплекс (темпоромандибуларниот зглоб и зглобните врски), мастикаторните мускули, оштетувања на забите, појава на утрински главоболки и необјаснети фацијални болки.

Бруксизмот има широка етиологија. Пред се е комбинација на психолошки нарушувања (неврози, а исто така може да се јави како пропратна реакција на антидепресиви), психосоматски (оштетувања на мозокот и невромускулни заболувања), дентални (резултат на тескоба или неправилен загриз, импактирани заби,ортодонски третмани,), но исто така може да се јави како резултат на лоши навики (грицкање нокти,грицкање предмети, потпирање на главата за време на учење или гледање телевизија).

Симптомите се следниве:

  • шкрипење со забите и непријатни звуци при движење на вилицата познати уште како klick звуци;
  • постојана утринска главоболка;
  • напнати и болни вилични мускули;
  • хронична болка на лицето
  • оштетени заби, оштетувања на пулпата и гингивата;
  • преосетливост на забите;
  • болки во вратот и увото.

Дијагнозата за оваа патологија најпрво ја започнуваме со сериозен разговор со пациентот. Од особен интерес се моменталните проблеми на пациентот, неговото здравје и лекови доколку ги зема, конзумирање на алкохолни пијалоци и кофеин, затоа што ја зголемуваат склоноста кон бруксизам. Потоа следува детален преглед во устата, за да се согледа моменталната состојба и предизвиканите оштетувања, преглед на осетливоста на виличните мускули, дентални неправилности. Потоа следува преглед на загризот и рентген снимка.

Најчесто при детален преглед при ова заболување забележуваме: абразија на забите (најсигурен знак), промена на физиономијата-намалување на долната третина на лицето, хипертрофија на мускулите, иритација на букалната слузница.

Во однос на ова заболување се трудиме преку еден убав разговор да им објаснеме на нашите пациенти дека контролата врз стресот е основна работа!!! Се користат анксиолитици и миорелаксанти од медикаментозната терапија, додека ние во нашата ординација изработуваме стабилизациона подлога од акрилат која што влијае во редистрибуција на силите, растеретување на темпоромандибуларниот зглоб и негова стабилизација, заштита на забите од трошење, мусклулна релаксација и заштита на забите од трошење .

Орална хирургија

Екстракција на заби

Хируршки интервенции

  • апикотомија
  • ресекција

Ресторативна стоматологија

CAD /CAM

CAD/CAM системот претставува спој помеѓу компјутерската технологија и стоматологијата.

CAD/CAM кратенката значи компјутерски асистиран дизајн и компјутерски асистирана изработка. Основна предност на овој систем во споредба со класичниот метод на изработка на коронки е времетраењето на изработката на истите што изнесува од 80 до 140 минути, како и избегнувањето на класично земање на отисок со отпечаточна маса односно, истата постапка е заменета со земање на дигитален отпечаток.

CAD/CAМ системот се користи за изработка на реставрации како што се коронки, ламинати, мостови, инлеи и онлеи.

Tитан керамика

Откако титанот се користи за изработка на коронки, тој претставува првокласен избор на материјал. Компјутерски подржаниот процес на фрезирање обединува повеЌе предности од досега.

Вашата коронка ќе биде перфектно и прецизно изработена и подготвена за долготрајно обложување Коронката е многу важна. Би сакале да Ве запознаеме со најзначајните работи кои гоправат Титан како материјал единствен и продуктивен.

Неутралност кон алергии без никаква раздразливост

30% од целокупното население е сензитивно на алергии и овој процент е во постојан пораст. А титанот? Од хируршки интервенции па се до коронки во последните децении во медицинска пракса не е забележан ниту еден случај на алергиска реакција.

Реактивност - перфектна заштита

Титанот е така наречен реактивен материјал. На неговата површина се создава еден од најрезистентните оксиди од светот на минералите. Тој ги изолира вашите коронки и мостови од хемиските напади на благи , кисели зачини, на агресивните телесни течности и корозија- оваа заштита кај имплантите од титан може да има рок на траење од 1 милион години.

Рентген

Дијагноза преку коронка. Титанот е еднинствен материјал за изработка на коронки кој може без проблем да подлежи на рентген. За навремена и сигурна дијагноза при сомнеж на кариес, вашата коронка или мост не мора да биде отстранета. На тој начин заштедувате време, нерви , пари - бидејќи секое отстранување или замена на коронка ќе Ве чини многу повеќе.

Комфорт

Лесно и неутрално на вкус,без чувство на метал во устата. Титанот изолира топло и ладно 14 пати подобро од денталната златна легура и е 4 пати полесен од истата, но најмалку подеднакво истраен и апсолутно без никаква арома на метал.

Обложување

Како и златото и другите метали за изработка на коронки, така и титанот ќе може да се обложи. Специјално изработениот и фрезиран Еверст Титан е подложен на облога со одлична истрајност и впечатлива естетика.

Естетика

При обложување на металите со керамика со текот на времето останува линија на контура на преминот кон непцата. Кај Титан коронките оваа линија е практично невидлива. Со изборот на Титан како материјал за Вашите коронки добивате прозирни, сјајни, совршено мазни и високо естетски заби во крајниот финиш.

Full Zirkonia - Безметална керамика

Безметалната керамика има водечка позиција меѓу керамичките материјали. Неговите високи перфоманси и својства:

  • биокомпатибилност
  • транслуцентност
  • идеална трајност и цврстина
  • естетски идеален

го прават единствен при изборот на Перфектна насмевка особено за фронталните заби. Предноста да се обработува користејќи модерна 3D Cad Cam компјутерска технологија со прецизност во изработката која може да се опише како совршеност . Zirkon како материјал е многу често употребуван во медицината заради 2ро ниво на хируршка чистота што значи прифаќање на човечкото тело како Свој.

Значи нема страв дека организмот би го отфрлил како страно тело или пак било каква алергиска реакција на истиот. Кристал кој се карактеризира со долготрајност, постојаност и неменливост на своите физичко-хемиски својства, постојаност во бојата и некршливост ,,отпорни на трошење, 4 пати поцврст а многу полесен од металот кој се користи за металкерамичките изработки. Поседува високо естетични својства…транслуцентност живост и сјај кои овозможуваат визуелност многу блиска до ефектот природни заби. Затоа не се ни воочуваат во забната низа. Особено важно во крајниот ефект е што изостанува темната линија кај гингивата која вообичаено со текот на годините се појавува кај изработките на заби кои во основата имаат метал.

100% Zirkonia

На чекор до поголема перфекција, без метод на нанесување керамика со четка, поблиску до реалистичните форми на забот. Единствен метод и материјали сега достапен и кај нас кој овозможува реализација на 100%Zirkonia без употреба на керамика.

100% Zirkonia e практично нескршлива, многу е мала веројатноста коронка 100% Zirkonia да пукне или да се скрши во устата, се разбира ако е соодветно изработена и поставена во устата коректно. Па така, единствената мана тоа е високата цена која ја има како протетска изработка се покажува дека можеби е економски поисплатлива ако се гледа и планира на подолг временск период. Кога станува збор за крајниот финиш која ја нуди и естетиката која ја нуди оваа изработка е неприкосновено совшена со потполна анатомска морфологија и со боја многу блиску до природните заби.

Ламинати

Безболен начин за подобрување на изгледот на предните заби, претставуваат порцеланските ламинати или забни фасети, кои се едни од поновите пронајдоци во стоматологијата. Со дебелина само од 0,3 до 0,5 милиметри се поставуваат по пат на бондирање на предната страна од забот.

Ламинатите претставуваат идеално решение за пациенит со раздвоени заби( дијастеми), абразивни и ерозивни заби, како и обоени заби. Со користењето на ламинати може да се промени големината, формата, бојата па дури и позицијата на забите затворајќи ги празните простори меѓу нив, при што се врши реставрирање на оштетените и напукнати заби. Природниот изглед, естетиката како и својството да ја пропуштаат светлината, како и природните заби, се едни од најбитните карактеристики на ламинатите. Покрај овие карактеристики ламинатите се карактеризираат со отпорност кон обојување од цигари, чај, кафе и црно вино, како и отпорност на механички оптеретувања.

Метал керамика

Метал керамика- коронки се тип на коронки кои најчесто се употребуваат веќе многу години наназад, со долготрајна цврстина и издржливост, со задоволувачка естетика, меѓутоа нивната метална основа го спречува проодот на светлината. Со самото тоа транслуцентноста на овие изработки е задоволувачка но не е совршена.Освен тоа може да се појават и алергиски реакции на металот.Вообичаено кај пациентите тоа е избор за задните заби. Најголемата предност на овие изработки е прифатливата цена.

Протези

Според тоа дали во устата има природни заби или протезите ги надокнадуваат сите заби, протезите можат да бидат: делумни (парцијални) и целосни (тотални). Според материјалот од кој се изработени, протезите се делат на: класични (целосно акрилатни) , скелетирани (визил, Wisil),Титаниумски визил и силиконски .

Парцијални Скелетирани Протези (Wissil)

Парцијални скелетирани протези се мобилна протетска изработка чија основа ја прави метален скелет. Може да бидат во комбинација со многу конструктивни решенија со лиени кукици,со лекодент атачмени, со Бредент атачмени, Це-ка атачмени. Овие Визили се изработуваат како трајна надокнада за изгубените заби, помалку се подложни на кршење, овозможуваат полесна и подобра хигиена и начин на одржување.Овозможуваат изработка на керамички коронки и мостови со што се заштитуваат преостанатите природни заби од дејството на сила кои се пренесуваат од протезата на нив.Лиените кукици најчесто се и неприфатливи за пациентите заради естетика па во тој случај се одлучуваат за атачмени кои функциониратт на принцип патрици – матрици и се естетски потполно прифатливи бидејки и воопшто не се гледаат.

Stem Cells - Што се матични клетки?

Матичните клетки се примарни (примитивни) клетки кои можат да се трансформираат во позрели клетки и всушност тие се прекусори на сите клетки кои го градат човековото тело.

Каков избор за собирање на матични клетки има секое семејство?

  • CORDSTEM- Изолирање на матични клетки од крвта од папочната врвка
  • WHARTON’S JELLY STEM-Изолирање на матични клетки од папочната врвка
  • PLACENTSTEM- Изолирање на матични клетки со собирање на целата плацента
  • DENTOSTEM- Матични клетки од млечни заби и умници
  • LIPOSTEM- Матични клетки од масно ткиво

DENTOSTEM-Матични клетки од млечни заби и умници

Услуга за чување на матични клетки од пулпата на млечните заби.

Нејзината цел е собирање на скапоцените биолошки ресурси на матичните клетки,како “втора шанса” за децата кои што не ги сочувале нивните матични клетки во моментот на раѓање,се сметале како несоодветни,или веќе ги имаат искористено за терапевтска цел.

Млечните заби кај деца на возраст од 6 до 13 години се богати и изобилуваат со мезенхимални матични клетки,кои можат да најдат голема примена во терапија на одредени заболувања:

  • Регенерација на заби
  • Регенерација на коска
  • Миокарден инфаркт
  • Повреди на моторни нерви
  • Неуродегенеративни болести
  • Репарација на мускули
  • Мускулна дистрофија

Матичните клетки се наоѓаат во виталната пулпа на млечните заби,кои се колектираат при процесот на природното паѓање на истите (кога запчето се наоѓа во втор степен на луксација и коренот е ресорбиран 1/3).

Изолирањето на матични клетки се врши и од умниците кај возрасни индивидуи,кои се на возраст до 28 години.

Од практично искуство на Biohellenika се потврдува дека најпогодни млечни заби за добивање на квалитетни матични клетки се третиот,вториот и првиот заб.

Пет фази на вадење,обработка и ладно чување на матичните клетки од пулпата на млечните заби и умниците

  • Родителот потпишува договор за криопрезервирање на матични клетки од млечен заб/умник,добива кит за колектирање на млечниот заб од компанијата био стем,каде се пополнува и специјален образец.
  • Container со конзерванс,кеса гел за одржување на температурата,изотермна кутија во која се пакува целиот сет,се чува во фрижидер најмалку 12 саати (пред екстракцијата на забот).
  • По екстракцијата забот го оставаме во контејнерот,убаво го потопуваме во конзервансот,за да се одржува виталност на пулпата.
  • Го ставаме контејнерот во изотермната кутија со кесата гел и го испраќаме веднаш во лабораториите на biohellenika.
  • Лабораторијата прво го обработува млечниот заб со вадење на пулпата. процедурата продолжува со изолирање на матичните клетки од ткивото на пулпата.

Размножувањето на матичните клетки трае од 20 до 25 дена,согласно со протоколот на Biohellenika.

Се издава уверение/сертификат што ги опишува квалитативната и квантитативната состојба на клетките и потребните лабораториски мерења,како и специјална дијаграмска слика на клетките.

Замрзнувањето на матичните клетки се врши во специјални шишиња дупло обложени со cryoflex одвнатре,во течен азот на -196 степени.

7 причини за да зачувате матични клетки од вашето дете во Био Стем/BIOHELLENIKA

  • Целосен систем за управување со квалитет.Biohellenika е основана од страна на универзитетски доктори од Универзитетот Аристотел во Солун кои работат на полето на изолација и криопрезервација на матичните клетки од 1987 година.
  • Двојно место на чување-Biohellenika расолага со софистицирани и целосно опремени сопствени лаборатории во Солун и Атина со цел да им се овозможи подобра услуга и безбедност на родителите
  • Biohellenika е трета банка за матични клетки во Европа која е акредитирана од светската меѓу народна организација AABB(American Association of Blood Banks) и нејзините примероци можат да се користат во било која болница во странство.
  • БИО СТЕМ нуди најбрз транспорт (од 6 до 10 часа) на матичните клетки до лабораториите на Biohellenika (Скопје-Солун)
  • Без аванс (плаќањето почнува од моментот кога ќе пристигне сертификатот т.е потврдата за успешно изолирање на матичните клетки).
  • Врвен квалитет по пристапни цени .
http://www.biohellenika.gr/en/benefits/deciduous-teeth/deciduous-teeth.html